ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Пепел се издига 800 метри во височина: Четири нови ерупции на опасен вулкан!

(ВИДЕО) Пепел се издига 800 метри во височина: Четири нови ерупции на опасен вулкан!
Kristal

Четири нови ерупции на вулканот Mount Semeru се регистрирани во последните неколку часа во провинцијата East Java, соопшти индонезискиот Центар за вулканологија и геолошки катастрофи.

Според официјалните податоци, пепелта достигнала височина од околу 800 метри над кратерот, односно 4.476 метри надморска височина. Облакот од пепел брзо се шири во североисточен правец, јави новинската агенција Antara.

Надлежните ги повикаа жителите и туристите да бидат внимателни и да не се приближуваат во радиус од пет до 13 километри од кратерот поради опасност од исфрлање врела лава и ужарено камење.

Една од најсилните ерупции однесе повеќе од 50 животи

Семеру е четвртиот највисок вулкан во Индонезија (3.676 метри надморска височина) и највисокиот врв на островот Java. Една од неговите најразорни ерупции се случи во декември 2021 година, кога загинаа најмалку 51 лице, а околните села беа покриени со густ слој пепел.

Индонезија, како најголем архипелаг во светот со околу 18.000 острови, се наоѓа на т.н. Pacific Ring of Fire, појас познат по силна сеизмичка и вулканска активност.

Во земјата има повеќе од 500 вулкани, од кои околу 130 се активни.

ВИДЕО

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo