Сигурно знаете дека некои змии се доволно големи за да можат да проголтаат човек, но помалку е познато дека еден човек доброволно се согласил да се најде во таква ситуација!
За повеќето луѓе, самата помисла на тоа делува како кошмар, но за заштитникот на природата Пол Росоли, тоа беше свесна одлука – со цел да се привлече внимание кон уништувањето на Амазон и загрозеноста на животните.
Невообичаен и опасен подвиг
Многумина би побегнале при сам поглед на змија, но не и Росоли, кој повеќе од 20 години се посветил на заштита на природата. Во тој период патувал низ Индонезија, Бразил, Индија, Перу и други земји, работејќи на терен.
Тој е особено фасциниран од зелените анаконди, кои живеат во Амазон, додека истовремено бил сведок на уништување на нивното природно живеалиште.
Поради тоа, во 2014 година одлучил да направи екстремен потег за да го привлече вниманието на јавноста – организирал необичен и многу ризичен експеримент.
Неговата авантура беше прикажана во серијалот „Eaten Alive“ на Discovery, каде гледачите можеле да видат како го „проголтува“ џиновска анаконда долга околу шест метри.
Специјално заштитно одело
За да се заштити, Росоли носел специјално одело изработено од јаглеродни влакна, направено со 3D технологија.
Тој се доближил до анакондата ползејќи, со намера таа да го помеша со плен. Потребни биле само неколку секунди за змијата да го зграпчи.
„Не можам да се поместам. Ме притиска на земја. Знае дека не можам да избега. Ќе биде добро, додека не умрам“, рекол тој во комуникација со тимот.
Неговите соработници го следеле срцевиот ритам на монитор, кој нагло се забрзал. Анаконда ја згрчила неговата глава, а Росоли подоцна викнал:
„Подгответе се, почнува да ме голта. Лицето ми е долу! Потребна ми е помош!“
Тимот веднаш интервенирал и го извлекол на безбедно. Му требало време да се опорави.
„Последно што се сеќавам се огромни отворени вилици и потоа темнина. Го чувствував притисокот и како оделото се крши. Мислев дека ќе ми ги откорне рацете“, изјавил тој.
Иако признал дека бил свесен за ризикот, рекол дека верувал во заштитната опрема и е благодарен на тимот за брзата реакција.
Што прави денес?
Пол Росоли и денес е активен во областа на заштита на прашумите и дивиот свет. По глобалното внимание што го доби, тој својата работа ја насочил кон теренски активности и конкретни проекти за зачувување на природата.
Тој е еден од основачите на организацијата „Junglekeepers“, преку која учествува во заштита на големи површини од амазонската прашума и соработка со локални заедници за спречување на нелегална сеча и експлоатација.
И понатаму често е на терен, од каде објавува видеа и извештаи за состојбата на екосистемите, со порака дека заштитата на природата е клучна за глобалната климатска рамнотежа.
Неговата мисија останува иста – да ја подигне свеста за забрзаното уништување на природата и потребата од зачувување на последните големи диви области на планетата.








