ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) НОЌ НА ХОРОР: Експлозија на гасна боца разнесе хотел – има загинати, десетици повредени!

(ВИДЕО) НОЌ НА ХОРОР: Експлозија на гасна боца разнесе хотел – има загинати, десетици повредени!
Kristal

Тешка трагедија го потресе местото Budakeši, во близина на Budimpešta, откако пред зори избувна разорен пожар во хотелски објект, при што според првичните информации има загинати и лица со тешки повреди.

Градоначалничката Отилија Џери соопшти дека пожарот избувнал во текот на ноќта на покривот на Спортскиот хотел, лоциран на улицата Зихи Петер. Според досегашните сознанија, огнената стихија однела човечки животи, а повеќе лица се во сериозна здравствена состојба.

Првичните информации укажуваат дека пожарот најверојатно започнал околу 2:15 часот по полноќ, по експлозија на гасна боца. Експлозијата предизвикала брзо ширење на пламенот низ двокатниот хотелски комплекс. Во драматичната акција што следувала, неколку лица биле извлечени од објектот.

Според локалните власти, повеќе од 20 лица се здобиле со полесни повреди, но има и повредени во тешка и животно загрозена состојба. За неколку лица сè уште се трага, што дополнително ја зголемува загриженоста околу конечниот биланс на жртви.

Иако во еден момент изгледало дека противпожарните екипи ќе успеат да го стават пожарот под контрола, околу 7 часот наутро огнот повторно се разгорел. Пожарникарите на терен вложиле огромни напори за да спречат целосно уништување на објектот и ширење на пламенот кон околните згради.

Подоцна, службата за вонредни ситуации информираше дека пожарот конечно е изгаснат. Надлежните институции продолжуваат со увид на местото на несреќата за да ги утврдат точните причини и одговорноста за оваа трагедија.

ВИДЕО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape