ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Кремљ наседна, шега од Хрватска допре до ушите на Путин: „Шефе, и неа ја поткупија!“

(ВИДЕО) Кремљ наседна, шега од Хрватска допре до ушите на Путин: „Шефе, и неа ја поткупија!“
Kristal

Во Москва се случи вистински медиумски куриозитет кога Вјачеслав Володин, претседателот на Државната дума, сериозно ги пренел до Владимир Путин наводите дека албанската ВИ министерка Диела била вмешана во корупциски скандал – и тоа за „мизерни“ 14 биткоини во замена за одобрување тендер за автопат.

Она што Володин не го знаел? Целата приказна била сатирична измислица од хрватскиот портал ЊузБар, објавена со јасна намера да се пошегува, а не да информира.

Според снимката од седницата, Володин му објаснувал на Путин дека „примерот“ со министерка од Европската Унија (иако Албанија не е членка на ЕУ) требало да биде предупредување дека „вештачката интелигенција може да биде корумпирана“. Дополнително, тој истакнал дека случајот бил „реален“ и важна лекција за претпазливост – целосно уверeн дека се работи за автентична информација.

Во сатиричната приказна, авторите на ЊузБар дури отишле чекор понатаму, тврдејќи дека Диела ќе ја брани ЧатГПТ, а нејзината функција привремено ќе ја преземе „стар модел Casio калкулатор“. И покрај очигледниот хумор, неколку големи руски Telegram канали – секој со стотици илјади следбеници – ја споделиле веста како вистинита, па токму од таму, најверојатно, дошла и до кабинетот на Володин.

Ситуацијата дополнително се влошила кога Володин ја објавил снимката од седницата на својот канал, без да сфати дека станал жртва на сатира – што само ја зголемило ироничноста на целиот случај.

Хрватски ЊузБар, свесни за вниманието што го предизвикале, реагираа со нова доза сарказам:„Драго ни е што руските власти ги следат нашите написи – следната недела објавуваме нова серија закони за квантна магија и невидливи тенкови.“

Во вистинскиот контекст, албанската Диела не е министерка, туку софтвер за вештачка интелигенција развиен во рамките на проект за дигитализација на јавниот сектор. Албанскиот премиер Еди Рама повеќепати изјави дека токму овој систем треба да помогне во намалување на корупцијата, а не да создава нови ризици.

Овој случај покажа колку брзо може да се прошири дезинформација – дури и кога таа е отворена шега – и како лесно може да влезе во врвните политички кругови доколку не се проверува внимателно.

ВИДЕО

FixCredit
Atensa 300
Escape