Турција подготвува проширување на меѓународната соработка во борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога, а Македонија е меѓу земјите во кои, според турските медиуми, престојуваат водачи и членови на криминални групи.
Анкара планира моделот на „Заеднички акциски план“, договорен со Белгија, да го прошири и во други европски држави, со цел да ги открие и врати осомничените криминалци кои се засолниле надвор од Турција.
Според објавените информации, во текот на годинава од 42 земји во Турција биле вратени 714 осомничени лица.
Турските власти тврдат дека криминалните групи, соочени со засилени полициски операции во земјата, своите активности ги префрлиле во странство.
Како можни засолништа се наведуваат Белгија, Германија, Грција, Шпанија, Србија, Црна Гора, Македонија, Полска и Италија.
Според турските извештаи, дел од водачите на бандите продолжуваат да ги управуваат криминалните операции од далечина.
Анкара најавува дека ќе доставува разузнавачки информации до европските држави кои одбиваат екстрадиција поради загриженост за човековите права или условите за правично судење.
Во текот на годинава турските служби спровеле 1.675 операции против повеќе од 600 криминални групи, а во некои судски процеси биле изречени и повеќекратни доживотни затворски казни.
Посебно внимание е насочено кон криминални мрежи поврзани со трговија со дрога и прекугранична логистика, меѓу кои се споменува и групата „Далтонс“.
Турските власти истовремено нагласуваат дека нивната земја нема да биде засолниште за меѓународно барани криминалци, посочувајќи неодамнешни апсења во Истанбул и Измир.
Засега не се наведени конкретни имиња на осомничени лица кои престојуваат во Македонија, ниту информации за најавена полициска акција на македонска територија.
Дипломатските разговори ќе продолжат со цел да се пр










