Кина воведува царини од 84 отсто за САД
Кина ќе воведе царини од 84 отсто за американски стоки, почнувајќи од утре, наместо претходно најавената царина од 34 отсто, соопшти денеска кинеското Министерство за финансии.
Во исто време, Кина ја информираше Светската трговска организација (СТО) дека одлуката на Соединетите Американски Држави да воведе реципрочни царини за Пекинг претставува дополнителна закана за стабилноста на глобалната трговија.
„Ситуацијата опасно се ескалира. Како една од засегнатите членки, Кина изразува сериозна загриженост и силно се противи на овој непромислен потег“, стои во соопштението на Кина до СТО, испратено до Ројтерс од кинеската мисија при трговското тело.