ПРВ.мк
Свет

Трамп се повлекува од посредување за крај на војната: Путин лут, Зеленски останува без „томахавки“

Трамп се повлекува од посредување за крај на војната: Путин лут, Зеленски останува без „томахавки“
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека можеби ќе се повлече од обидите да посредува меѓу Русија и Украина за крај на војната. Во разговор со новинарите на претседателскиот авион „Ер Форс Ван“, тој истакна дека „понекогаш мора да ги оставите да се борат“ и дека моментално треба Русија и Украина сами да ја решат кризата.

Трамп додаде дека засега САД нема да ѝ испорачаат на Украина ракети со долг дострел „томахавк“, но не ја исклучи можноста тоа да се смени во иднина. Тој се дистанцираше и од плановите на Европската Унија да користи замрзнати руски средства за поддршка на Украина, велејќи дека тоа е „прашање за Европејците“.

Од Кремљ, пак, најавија дека нема потреба наскоро да се одржи физичка средба меѓу двајцата претседатели и дека треба да се работи на детали од договорот пред евентуален прекин на огнот.

Пресврт во односот на Трамп кон Русија се случи по најавата за средба со Путин во Будимпешта, кога американските претставници се убедиле дека Русија не е подготвена да ги омекне своите барања кон Украина.

Escape