ПРВ.мк

Трамп: Решено е непријателството помеѓу Индија и Пакистан

Трамп: Решено е непријателството помеѓу Индија и Пакистан
Jumbo Banner

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека е постигнато решение за тензиите меѓу Индија и Пакистан, повикувајќи ги двете нуклеарно вооружени земји да се насочат кон економска соработка, наместо воени конфликти.

„Индија и Пакистан се задоволни со договорот. Време е да се посветат на трговија, а не на војна,“ изјави Трамп обраќајќи се пред американските војници во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, како дел од неговата турнеја низ Блискиот Исток, пренесе Ројтерс.

Судирот, кој траеше од 7 до 10 мај, заврши со прекин на огнот постигнат по дипломатски напори и притисок од САД. Двете соседни држави прифатија договор со кој беше ставен крај на краткотрајната, но интензивна ескалација.

Во продолжение на турнејата, Трамп треба да отпатува за Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати, што ќе биде завршната дестинација од неговото патување, кое трае од 13 до 16 мај.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран