Анегдота од разговорот Трамп – Путин: „Русите ја сакаат Меланија повеќе од мене“
По телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп им се обрати на новинарите пред Белата куќа, споделувајќи анегдота што предизвика смеа.
„Путин ми рече дека Русите многу ја почитуваат првата дама. Па го прашав: А што е со мене?“ – раскажа Трамп со насмевка. „Повеќе им се допаѓа Меланија“, наводно одговорил Путин, пренесуваат светските медиуми.
Шеговитиот момент откри дел од неформалната атмосфера во разговорот меѓу двајцата лидери и внесе лична нота во нивниот дипломатски дијалог.