Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали во Украина ќе се постигне мир. Доколку тоа не се случи, Трамп предупреди дека ќе преземе поинаков пристап. Овие изјави се само последниот од серијата рокови кои Трамп ги поставил за конфликтот во Украина, но досега не ги следеше со конкретни дејства, пишува Kyiv Independent.

На 18 август Трамп се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, неколку дена по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, но немаше напредок. Трамп истакна дека Украина не може да ја добие војната без удари длабоко во територијата на Русија и ја обвини администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден што дозволила на Украина само да се брани, а не да возвраќа. Според него, конфликтот можел да се избегне доколку тој бил на власт.
Во декември минатата година, пред Бајден да стапи на должност, Трамп изјави дека е „голема грешка“ што САД дозволиле Украина да користи американско оружје за напади длабоко во Русија, со ризик од ескалација. Бајденовата администрација подоцна одобри употреба на американски ракети долги дострел (ATACMS) за напади на руска територија во 2024 година.

Американскиот сенатор Линдзи Грем, истовремено, побара од Русија да ги врати илјадниците украдени украински деца за време на војната. Ако Москва го одбие тоа, Грем најави дека ќе се залага за закон со кој Русија би се прогласила за држава спонзор на тероризмот, што би ги направило „бизнисите со Путинова Русија радиоактивни“ за други земји и компании.
За потсетување, САД веќе ги сметаат Куба, Северна Кореја, Иран и Сирија за држави спонзори на тероризам, со што се воведуваат санкции, ограничувања на странска помош, забрана за извоз на оружје и финансиски ограничувања.
Украинскиот претседател Зеленски истакна дека Украина мора да премине од одбрана кон офанзива за да „го притисне Русија“, нагласувајќи дека воената иницијатива е неопходна за да се одбрани територијата и интересите на земјата.