Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да постигне нешто што многумина го сметаа за невозможно – привремен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Но, зад оваа историска дипломатска победа стојат три големи прашања кои ќе го одредат исходот на целиот мировен процес.
Првото прашање е – што ќе направи Хамас? Во минатото, тие го користеа секој прекин на огнот за повторно вооружување и контрола врз Газа. Но сега условите се сосема поинакви. Израелските сили остануваат присутни во половина од Појасот Газа, а меѓународни сили ќе ја надгледуваат ситуацијата. За првпат, договорот бара разоружување на Хамас и отвора пат кон можност за палестинска држава – но без нив.
Второто прашање – кој ќе владее со Газа? Договорот предвидува создавање на привремена администрација и безбедносни сили под меѓународен надзор. Ако ова успее, Газа би можела да влезе во период на стабилност и обновување. Ако не, Хамас би можел повторно да ја преземе власта со сила, уништувајќи ја секоја надеж за мир.
Третото и најтешко прашање – дали е можно обнова? Газа е разрушена и ќе бидат потребни стотици милијарди долари и најмалку една деценија за целосна реконструкција. Но, светот нема да инвестира ако Хамас остане вооружен и влијателен. САД, заедно со Египет, Катар и Турција, го туркаат планот напред, но сите гледаат кон една клучна фигура – Бенјамин Нетанјаху.
Според договорот, Израел ќе се повлече само ако Хамас се разоружа, што му остава простор на Нетанјаху да реагира во секој момент. Аналитичарите предупредуваат дека ова би можело да биде само краткотраен мир – тишина пред нова бура.
Како што истакнуваат експертите, „ова изгледа како пат кон палестинска државност, но тоа е држава без Хамас“. Прашањето е – дали тие се подготвени да ја прифатат таа реалност, или светот повторно ќе гледа како Газа гори?