ПРВ.мк
Свет

ТРАГЕДИЈА ВО ИНТЕРНАТ: Пожар однесе најмалку десет млади животи, спасувачите сè уште на терен!

ТРАГЕДИЈА ВО ИНТЕРНАТ: Пожар однесе најмалку десет млади животи, спасувачите сè уште на терен!

Најмалку десет ученички загинаа во пожар што избувнал во ученички дом во регионот Накуру во Кенија, додека спасувачките екипи и понатаму работат на терен по трагичниот настан што ја потресе јавноста.

Според информациите од локалните власти, пожарот избувнал околу еден час по полноќ во објектот „Утумиши“, кој служел за сместување на ученици.

Регионалниот полициски началник Самуел Ндањи потврдил дека службите веднаш интервенирале, но операцијата на терен продолжува и понатаму.

„Станува збор за вознемирувачка и трагична ситуација“, изјавил окружниот полициски службеник Масуд Мвинји пред голем број загрижени родители кои се собрале пред училиштето по несреќата.

Во моментов причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се познати, а надлежните институции започнале истрага за утврдување на околностите.

Ова не е прв ваков трагичен случај во земјата. Во 2024 година, во сличен пожар во основно училиште-интернат во округот Нијери, животот го загубија 21 ученик, што повторно ги отвори прашањата за безбедносните услови во образовните установи.