ПРВ.мк
Свет

Тешки обвинувања против таткото на Меган Маркл: Синот тврди дека пронашол стотици спорни фотографии

Тешки обвинувања против таткото на Меган Маркл: Синот тврди дека пронашол стотици спорни фотографии

Таткото на Меган Маркл, 82-годишниот Томас Маркл постариот, се соочува со сериозни обвинувања откако неговиот син, Томас Маркл помладиот, тврди дека во неговиот дом на Филипините пронашол материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца.

Според британскиот „Сан“, спорниот материјал наводно бил откриен во домот на Маркл во Цебу, каде што неговиот син се грижел за него поради здравствени проблеми.

Томас помладиот тврди дека пронашол четири големи кутии со стотици, можеби и илјадници фотографии, како и видеоматеријали со незаконска содржина.

Шеесетгодишниот син изјавил дека бил шокиран од откритието и решил да го пријави сопствениот татко во полиција.

„Никогаш повеќе нема да разговарам со него, освен ако не ме повикаат да сведочам против него. Ми се слоши од она што го видов“, изјавил Томас помладиот.

Според објавените информации, ФБИ ја примило неговата пријава, додека на Филипините наводно е формирана специјална истражна група.

Сепак, филипинската полиција сè уште не ги потврдила јавно обвинувањата, па засега станува збор за тврдења што допрва треба да бидат утврдени од надлежните органи.

Претставниците на Меган Маркл и принцот Хари одбиле да го коментираат случајот.

Меган не одржува контакти со својот татко од 2018 година, непосредно пред нејзината венчавка со принцот Хари.

Томас Маркл постариот не присуствуваше