ПРВ.мк

Тензија околу Starlink: Рубио ѝ порача на Полска да покаже благодарност!

Тензија околу Starlink: Рубио ѝ порача на Полска да покаже благодарност!
VERO Banner

Американскиот државен секретар Марко Рубио во неделата го обвини полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски дека „измислува работи“ и рече дека е неблагодарен, откако Сикорски рече дека Украина можеби ќе треба да бара алтернатива за сателитската услуга Starlinк.

Илон Маск, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, во објава на X во неделата рече дека „целата линија на фронтот на Украина ќе се сруши ако го исклучам Starlink“.

Сикорски му одговори, исто така, на Х тврдејќи: „Starlink за Украина го плаќа на полското Министерство за дигитализација околу 50 милиони долари годишно. Настрана од неетичката природа на закана на жртва на агресија, ако SpaceX се покаже дека е несигурен давател на услуги, ќе бидеме принудени да бараме други“.

Во серија објави на X во текот на денот, Маск подоцна рече дека нема да го затвори Starlink во Украина.

„Да бидам крајно јасен, колку и да не се согласувам со украинската политика, Starlink никогаш нема да ги исклучи своите терминали… Никогаш не би направиле такво нешто или не би го искористиле за преговори“.

Рубио му одговори на Сикорски дека тој „измислува“ и дека „никој не ѝ се заканувал на Украина дека ќе ја прекине Старлинк“.

„И кажете благодарам бидејќи без Starlink Украина одамна ќе ја изгубеше војната и Русите сега ќе беа на границата со Полска“, додаде Рубио.

Во посебен одговор на објавата на Сикорски, Маск напиша: „Тивко, мал човеку. Плаќаш само мал дел од цената. И нема замена за Starlink“.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, инаку учесник во преговорите на ЕУ (претствувана Германија, Франција и Полска) со поранешниот украински претседател Виктор Јанукович за надминување на кризата во Киев кон крајот на 2013 и почетокот на 2014 година по што прорускиот челник и покрај договорот за измена на претседалските овластувања и распишување избори во април 2014-та беше насилно соборен со поддршка на Брисел и тогашната администрација на демократите во Вашингтон.

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи рече дека овозможувањето на услугата Starlink не е добротворен чин од страна на САД и дека Полска плаќа за услугата.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран