ПРВ.мк

Трамп: Ова е единствената работа која може да предизвика крај на светот, мора да бидеме многу внимателни

Трамп: Ова е единствената работа која може да предизвика крај на светот, мора да бидеме многу внимателни
VERO Banner

Американскиот претседател во интервју се осврна на опасностите од нуклеарните арсенали низ светот. Минатата недела, тој изјави дека САД и Русија имаат „убедливо најмногу“ нуклеарно оружје, но призна дека Кина ќе го достигне нивото на овие две земји до крајот на деценијата, пренесува британски Мирор.

Во интервјуто, кое беше емитувано утринава, претседателот се пожали на големите суми американски пари што се трошат на „големите чудовишта“, кои потенцијално можат да го доведат до крајот на светот. Во Sunday Morning Futures на Фокс Њуз, тој изјави:

„Најголемата закана се наоѓа на полиците на различни земји и се нарекува ‘нуклеарно оружје’, огромни чудовишта кои можат да ја разнесат вашата глава со милји наоколу.“

„Страшно е што треба да се трошат сите тие пари на нешто што, ако некогаш го искористите, веројатно ќе значи крај на светот.“

Трамп минатата недела откри дека сака да ги рестартира нуклеарните преговори со Русија и Кина, со надеж дека овие земји ќе се согласат да ги намалат своите огромни буџети за одбрана. Од Овалната соба тој изјави:

„Нема причина да продолжиме да градиме целосно ново нуклеарно оружје кога веќе имаме толку многу.“

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран