Украина и САД ги продолжуваат разговорите, а шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак, изјави дека Киев нема да се извини за расправијата меѓу нивниот и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
„Зеленски беше апсолутно во право и по прашањето на формата и на содржината, се обидуваше да им го објасни на своите американски партнери клучното – дека ништо не може да се постигне без притисок врз Русија“, изјави Подољак.
Тој додаде дека не е можно да се постигне позитивен резултат ако сметате „исклучиво на добрата волја на Москва“.
„Затоа, нема да се извиниме за потенцијална грешка, која не се случи“, заклучи Подољак.
Зеленски се сретна со Трамп во Белата куќа на 28 февруари. За време на разговорот во присуство на новинари, дојде до расправија, при што Трамп му кажа на Зеленски дека не ги почитува САД, а потпретседателот Џеј-Ди Венс изјави дека Зеленски заборавил да му се заблагодари на Вашингтон за поддршката за Киев. Тврдеа дека Зеленски е неблагодарен и му порачаа да се врати кога ќе сака мир. Делегации од двете земји наскоро ќе се сретнат во Ријад.
Трамп изјави дека преговарањето со Русија е „полесно“ отколку справувањето со Украина кога се бара решение за мир, пренесе Би-Би-Си.
Русите велат дека нови санкции од САД нема да ги спречат да ги остварат целите во Украина.