ПРВ.мк
Свет

Тензии на работ: Иран ги отфрла обвинувањата за нападот со дронови врз Азербејџан - еве што се случува!

Тензии на работ: Иран ги отфрла обвинувањата за нападот со дронови врз Азербејџан - еве што се случува!
Kristal

Нова искра во веќе разгорената регионална криза – Техеран официјално негира вмешаност во нападот со дронови што утрово го потресе Азербејџан.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во телефонски разговор со својот азербејџански колега категорично отфрлил дека иранските вооружени сили стојат зад нападот и најавил внатрешна истрага за расчистување на случајот.

Инцидентот се случил во автономната енклава Нахичеван, каде дрон погодил објект на аеродромот, при што две лица биле повредени. Втор беспилотен апарат паднал во близина на училишна зграда, што дополнително ја зголемило загриженоста за безбедноста на цивилите.

По нападот, азербејџанските власти затвориле дел од воздушниот простор во близина на иранската граница во траење од 12 часа, како превентивна мерка.

Иако Техеран се дистанцира од случувањата, тензиите меѓу двете земји повторно се подигнати на повисоко ниво. Прашањето што останува да виси во воздухот е – кој навистина стои зад дроновите и дали ова е почеток на поширока ескалација во регионот?

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo