ПРВ.мк
Свет

Туристи заробени на една од најпопуларните зимски дестинации

Туристи заробени на една од најпопуларните зимски дестинации
Kristal

Екстремен студ ја парализираше финска Лапонија, оставајќи илјадници туристи заглавени без можност да го напуштат регионот. Температурите се спуштија и до неверојатни -39 степени, поради што воздушниот и копнениот сообраќај речиси целосно запре.

Аеродромот Китила, кој е клучна точка за туристите што доаѓаат поради скијачките центри и поларната светлина, беше принуден да ги откаже сите летови кон големите европски градови. Причината не е само студот, туку и комбинацијата од висока влажност и мраз, што создава опасни услови за полетување и слетување. Опремата за одмрзнување и снабдување со гориво буквално замрзнала, што дополнително ја усложни ситуацијата.

Иако Лапонија е позната по суровите зими, вакви температури се далеку под вообичаените просеци, што ги изненади и локалните власти. Дел од летовите беа откажани и на аеродромот Рованиеми, кој важи за официјален влез во туристичкиот „дом на Дедо Мраз“.

Покрај авионскиот сообраќај, сериозно се влошија и условите на патиштата. Сообраќајните служби издадоа предупредувања за екстремно лизгави коловози, а еден автобус со странски патници излета од патот, среќно без потешки последици.

Метеоролозите објаснуваат дека студениот бран е дел од поширока бура што ја зафати северна Европа, носејќи зимски хаос и сериозни прекини низ целиот континент.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo