Ерол Маск, таткото на Илон Маск, изрази восхит кон рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „силен лидер“ и велејќи дека би било „глупаво да не му се восхитуваме“. Тој изјави дека времето ќе покаже кој всушност ја започнал големата инвазија на Украина, но сепак смета дека Путин изнесува „логични работи“ во своите говори.
„Би било глупаво да не му се восхитувам на Путин. Ги слушам неговите говори – тој кажува логични работи. Ако го гледате само како маж, а не во контекст на меѓународната политика, тешко е да не почувствувате почит кон него“, изјави Ерол Маск во интервју за BBC Russia.
Ерол Маск, поранешен јужноафрикански бизнисмен и политичар, е познат по турбулентните односи со своите деца. Неговиот помлад син, Кимбал, претходно сподели дека нивниот татко долго им се изживувал, нарекувајќи ги „безвредни и патетични“.
На прашањето за неговиот став кон Путин, Ерол Маск изјави дека ставовите во неговото семејство се слични. „Сите мислиме така. Сите сме исти“, рече тој.