Попладнево се случила сообраќајна несреќа во близина на Градскиот трговски центар (ГТЦ), објави ТВ21.
Според првичните информации, автомобил удрил во автобус, при што е предизвикана материјална штета.
Засега нема информации за повредени лица. На местото на настанот излезени се екипи од полицијата кои вршат увид и го истражуваат случајот.