ПРВ.мк

Судир на два хеликоптера во западна Финска

Судир на два хеликоптера во западна Финска
Jumbo Banner

Два хеликоптера се судрија и се урнаа денеска во близина на аеродромот Еура, во западна Финска, соопштија тамошните служби за спасување. Несреќата се случила во провинцијата Сатакунта, а во тек е обемна потрага по евентуални преживеани.

Според информациите објавени од финскиот портал Iltalehti, хеликоптерите се пронајдени во близина на аеродромот, а командантот на противпожарната служба, Туомас Кисколи, изјави дека засега нема индиции дека во инцидентот биле вклучени други летала.

Финската полиција потврди дека добила дојава за несреќата и објави на својот официјален канал дека нивни екипи се упатиле кон местото на настанот нешто по 13:19 часот по локално време.

Финските одбранбени сили во соопштение навеле дека во инцидентот не биле вклучени летала на военото воздухопловство.

Од крајот на април, во областа се одржуваат пролетни воени вежби на финската армија, во рамки на кои учествуваат и британски хеликоптерски единици. Во рамките на вежбите, според армиските извори, се изведувале и хеликоптерски операции, но засега не е познато дали инволвираните летала биле дел од тие активности.

Властите најавија дека истрагата за причините на несреќата ќе биде водена во соработка со сите релевантни институции.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран