ПРВ.мк
Свет

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Автобус излета од патот, се стркала 200 метри во провалија - има загинати!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Автобус излета од патот, се стркала 200 метри во провалија - има загинати!
Kristal

Најмалку 13 лица го загубија животот, а 34 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во западниот дел на Непал, кога автобус со свадбари излетал од планински пат, соопшти локалната полиција.

Несреќата се случила синоќа, кога автобусот, кој се враќал од свадбена прослава, излетал од патот и се стркалал околу 200 метри низ стрмна падина, по што завршил на рамно земјиште во близина на селото Будгаун. Локацијата се наоѓа на околу 500 километри западно од главниот град Катманду, пренесуваат странските агенции.

Според информациите од полицијата во округот Баитади, повредените биле итно пренесени во болници веднаш по несреќата, додека телата на загинатите биле извлечени од целосно уништениот автобус. Спасувачките екипи работеле со часови во тешки услови за да ги извадат патниците од олупината.

Автобусот ги превезувал сватовите кон селото на младоженецот по завршувањето на свадбата. Младоженецот и невестата, според официјалните информации, патувале во друго возило и не се повредени во несреќата.

Причините за трагедијата засега не се познати. Полицијата започна истрага за да се утврдат околностите под кои дошло до излетувањето на автобусот, додека јавноста во Непал е потресена од уште една во низата тешки сообраќајни несреќи на планинските патишта.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape