ПРВ.мк
Македонија

Приведен прилепчанец на автопатот Градско–Велес! - ова е причината!

Приведен прилепчанец на автопатот Градско–Велес! - ова е причината!
Kristal

На автопатот Градско – Велес, вчера околу 10:10 часот, полицијата од СВР Велес го лишила од слобода 35-годишниот Ф.Ј. од Прилеп. Тој бил запрен кај клучката Караслари додека управувал патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки.

Според информациите од полицијата, Ф.Ј. управувал возило и покрај тоа што му биле изречени три мерки за забрана за управување моторно возило од Б категорија. За непочитувањето на забраните, прилепчанецот бил приведен во полициска станица.

Возилото му било одземено по насока на јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава според член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Оваа акција на полицијата е дел од континуираните напори за зголемување на безбедноста на автопатите и спречување на ризично и непрописно управување со моторни возила.

Според експертите, повторувањето на прекршоците од страна на лица кои веќе имаат изречени забрани претставува сериозна опасност за останатите учесници во сообраќајот и може да доведе до тешки последици на патиштата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo