ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) Џорџ Клуни поврзан со документи на Епштајн? Тајни патувања и сомнителни пораки ја потресоа јавноста

(ФОТО) Џорџ Клуни поврзан со документи на Епштајн? Тајни патувања и сомнителни пораки ја потресоа јавноста
Kristal

Во милионите документи поврзани со Џефри Епштајн, кои неодамна беа објавени од Министерството за правда на САД, се појавуваат имиња на познати личности, вклучително и Џорџ Клуни. Некои записи укажуваат дека Клуни во 2014 година бил во Копенхаген истовремено кога Епштајн престојувал во истиот град. Е-поштата на Епштајн ја опишува посетата како „интересни девојки“, што истражувачите го толкуваат како потенцијален код за експлоатација на малолетници.

Понатаму, се појавуваат наводи за британскиот политичар Лорд Питер Манделсон кој во еден синџир на преписка спомнува „муза како Џорџ Клуни“, терминот „муза“ во кругот на Епштајн, според авторите на истрагата, бил код за млади придружници. Иако се шират шпекулации, не постојат официјални судски докази против Клуни, а ниту институциите покренале постапка.

Се поврзуваат и наводни фотографии со поранешниот американски претседател Барак Обама на јахта во друштво на непозната девојка, но и за овие снимки нема потврда или официјални истраги.

Џорџ Клуни, познат по хуманитарните активности и политичкиот активизам, досега не дал коментар за овие нови наводи.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo