ПРВ.мк
Свет

Смртноста од рак на белите дробови во ЕУ опаѓа - ова е причината!

Смртноста од рак на белите дробови во ЕУ опаѓа - ова е причината!
Kristal

Охрабрувачки податоци пристигнуваат од Европската Унија – бројот на смртни случаи од рак на белите дробови бележи постојан пад и кај мажите и кај жените. Експертите порачуваат дека зад овој позитивен тренд стои еден клучен фактор: сè помалата употреба на тутун.

Иако ракот на белите дробови сè уште е водечка причина за смрт од малигни заболувања во ЕУ, статистиките покажуваат јасно подобрување. Според научниците, кај мажите намалувањето на смртноста трае со децении, уште од 1990-тите години. Кај жените, пак, негативниот тренд бил запрен дури по 2010 година, по што започнало постепено опаѓање.

Проекциите за 2026 година укажуваат на значителна разлика меѓу половите: се очекуваат околу 23 смртни случаи на 100.000 жители кај мажите, наспроти 12 кај жените.

Според истражувачите, пушењето и понатаму останува најголемиот ризик за развој и смртност од овој тип рак. Намалувањето на консумацијата на тутун се издвојува како најмоќна превентивна мерка, со ефект и врз други тешки заболувања, меѓу кои и ракот на панкреасот.

Дополнително, поздравата исхрана и напредокот во дијагностиката и терапијата придонесуваат за подобри шанси за преживување кај многу видови рак. Сепак, не сите податоци се позитивни – кај жените е забележан благ пораст на смртноста од рак на панкреасот.

И покрај опаѓањето на стапките, експертите предупредуваат: поради стареењето на европското население, вкупниот број на заболени продолжува да расте.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo