ПРВ.мк
Свет

Словенија прогласи двајца израелски министри за „непожелни лица“

Словенија прогласи двајца израелски министри за „непожелни лица“
Escape

Словенија донесе храбра и јасна одлука – стана првата држава во Европската унија што самостојно воведе санкции против двајца израелски министри, обвинувајќи ги за поттикнување на насилство и етничко чистење на палестинското население.

Во фокусот на оваа одлука се Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрих, двајца високи функционери на израелската влада, кои, според словенечките власти, отворено повикуваат на омраза и го поддржуваат проширувањето на нелегални населби на Западниот Брег, како и насилно иселување на Палестинците.

Одлуката е донесена откако Советот на министри за надворешни работи на ЕУ не успеа да постигне консензус за воведување мерки против Израел, поради што Љубљана одлучи да преземе самостојна дипломатска акција.

„Неприфатливо е да се остане пасивен кога се случуваат сериозни прекршувања на човековите права“, изјави словенечката министерка за надворешни работи, Тања Фајон.

Според официјалната одлука, Словенија ги прогласува Бен-Гвир и Смотрих за „персона нон грата“, што значи дека тие немаат дозвола за влез во земјата и се предмет на дипломатски санкции.

Во соопштението се наведува дека нивните „геноцидни изјави“ директно поттикнуваат насилство и омраза, а нивните политички ставови претставуваат отворена поддршка за етничко чистење на палестинското население во Газа и на Западниот Брег.

„Не смееме да дозволиме хуманитарната помош за Газа да биде алиби за нашата неактивност“, додаде Фајон, повикувајќи се и на Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од јули 2024, кое ја осуди израелската окупациона политика.

Словенија со ова се приклучува на се поголемата група на држави кои, разочарани од неактивноста на ЕУ, започнуваат самостојно да преземаат дипломатски и правни мерки против израелски политичари одговорни за, како што се наведува, сериозни прекршувања на меѓународното право.

Mia Home Mavrovo