Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, се најде во центарот на голем скандал откако официјално беше обвинет во САД, пренесува CNN. Коми, кој беше еден од главните автори на теоријата за наводното руско мешање во претседателските избори во 2016 година, сега се соочува со сериозни обвиненија за лажење на Конгресот и попречување на правдата.
Според американските медиуми, против него може да биде изречена затворска казна и до пет години. На првото судење, Коми се изјасни за невин.
Неговиот долгогодишен противник, Доналд Трамп, кој го отпушти од функцијата директор на ФБИ во 2017 година, веднаш реагираше нарекувајќи го „еден од најлошите луѓе што некогаш ги имала Америка“. Уште во 2018 година, Трамп изјави дека Коми треба да биде во затвор, обвинувајќи го за корупција.
Покрај него, под истрага во истата постапка е и поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, што дополнително го засилува интересот околу случајот. Американската јавност со големо внимание го следи развојот на процесот кој може да има сериозни политички последици.