ПРВ.мк

Скандал на погребот на папата: Погледнете што прават светските лидери додека мине поворката со ковчегот на папата [ФОТО]

Скандал на погребот на папата: Погледнете што прават светските лидери додека мине поворката со ковчегот на папата [ФОТО]
Jumbo Banner

Откако беа критикувани верниците кои направија селфија со телото на починатиот папа Франциск, многу луѓе очекуваа дека на самата погребна церемонија светските лидери ќе покажат повеќе почит и ќе ги остават телефоните на страна. Меѓутоа, ситуацијата беше поинаква.

Токму во клучниот момент церемонијата, кога дрвениот ковчег на папа Францис беше носен кон базиликата Свети Петар, многумина од присутните лидери и државници ги подигнаа своите телефони за да фотографираат и снимаат.

Додека лидерите во првиот ред – меѓу нив американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон и финскиот претседател Александар Стеб – му оддаваа почит со аплауз, оние кои седеле подалеку од олтарот не успеаја да одолеат и се послужија со мобилните уреди.

Светските лидери тајно го фотографирале ковчегот

Меѓу оние кои ги фотографирале моментите од погребот бил и заменик-претседателот на парламентот на Уганда, Томас Тајебва, кој дури ги објавил фотографиите од ковчегот на социјалните мрежи.

Како што пренесува „Дејли меил“, мобилниот телефон го користела и претседателката на Швајцарија, Карин Келер Сутер, иако сериозноста на настанот и апелите за достоинствено однесување беа многу присутни.

Големото присуство на опростувањето

На погребот на папата Франциск, кој почина во 88. година од животот, присуствувале околу 200.000 верници на Плоштадот Свети Петар во Ватикан. Уште неколку стотици илјади верници биле присутни низ цел Рим, сакајќи да му оддадат последна почит.

Папата Франциск е погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, во едноставен гроб, меѓу две капели. На надгробната плоча од лигурски мермер е врежано само едно име: Franciscus.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран