Фудбалерите на Ливерпул ја освоија својата 20-та титула во англискиот шампионат откако го победија Тотенхем со 5:1 на домашен терен во 34-то. коло од Премиер лигата.
Гостите од Лондон поведоа во 12. минута преку Доминик Соланке, но само четири минути подоцна Луис Дијаз израмни за тимот од „Енфилд“. Ливерпул поведе во 24. минута со голот на Алексис Мекалистер, а потоа следеа головите на Коди Гакпо во 34. минута и Мохамед Салах во 63. минута. Конечниот резултат беше поставен во 69. минута, кога автогол постигна Дестини Удоји.
На четири кола пред крајот на тековната сезона во Премиер лигата, Ливерпул има недостижни 15 бода предност во однос на второпласираниот Арсенал. Ова е прва титула за Ливерпул во Премиер лигата од 2020 година, со која се израмнија со Манчестер Јунајтед со по 20 титули, кој претходно во неделата во судиското продолжение од мечот се спаси од пораз на гостувањето кај Борнмаут.
Домашните поведоа во 23 минута кога Еванилсон луцидно го проигра Антоан Семенјо во гостинскиот шестанесетник а овој лесно го матираше Онана. Бонрамут го одржуваше водството, но во 69 минута, остана без Еванилсон, кој беше исклучен откако судијата Питер Бејнск беше повикан од ВАР-от да ја прегледа снимката, по што тој ја промени својата претходна одлука и жолтиот картон доделен поради груба игра на Бразилецот ја промени во директен црвен картон. Со играч повеќе на теренот „Црвените ѓаволи“ безуспешно насојува да дојда до брз погодок и евентуален пресврт, но успеаја да дојдат барем до бод дури во 96. минута. Во судииското продолжение кое траеше дури 11 минути, Расмус Хојлунд успеа да се снајде и да погоди за 1:1. И овој момент беше прегледуван за евентуална офсајд позиција во акцијата, но се покажа дека еден од домашните дефанзивци бил поблиску до својот голман.
Тотенхем по високиот пораз во Ливепрул остана на 37 бодови и разочарувачкото 16-то место но бодовно е безбеден и не му се заканува опасност да падне во зоната на испаѓање. Ништо не подобра и состојбата на Манчестер Јунејтед сезонава, кој сега со 39 бодови е 14-ти. Борнмаут пропушти шанса со победа да се пробие до осмата позиција на табелата и да се надева до крајот на првенството да избори место во Европа следната сезона. Сега со 50 бодови е десетти на табелата, седум бодови помалку од позицијата којашто веројатно ќе обезбеди пласман во Конференциската лига.