Алкалоид обезбеди место во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ со победа по изведување на пенали над Рунар Сандефјорд од Норвешка. Македонскиот тим загуби со пет гола на гостувањето (29-34), но заради победата од пет гола во Скопје, мечот го решија седмерци.
Херој на македонскиот клуб е Иван Галевски. Голманот прво пред крајот одбрани шут за плус шест на Норвежаните со „шпага“. А, потоа, следеше шоу во пенал-серијата и три одбранети удари од седум метри.
Алкалоид во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ ќе игра против АЕК Атина од Грција. Ќе се игра дома-гости, а кој ќе биде домаќин на првата средба, ќе се утврди со ждрепка.
&
Извор: Гол.мк