ПРВ.мк

Единаесет мртви во Ванкувер: Напаѓачот имал нарушено ментално здравје

Единаесет мртви во Ванкувер: Напаѓачот имал нарушено ментално здравје
Jumbo Banner

Ванкувер го потресе трагичен настан откако 11 лица беа убиени во саботата навечер за време на уличен фестивал, соопшти полицијата денес. Според првичните информации, осомничениот напаѓач, 30-годишен маж, имал долга историја на ментални нарушувања и претходни контакти со полицијата и служби за ментално здравје.

„Лицето кое го приведовме има значајна историја на интеракции со нашите служби и со експертите за ментално здравје“, изјави началникот на полицијата во Ванкувер, Стив Раи, на вонредна прес-конференција.

Тој додаде дека засега „нема индиции дека станува збор за терористички напад“, а напаѓачот, кој делувал сам, бил совладан од граѓаните пред да пристигне полицијата. Сведоци пренесуваат дека толпата била на работ да го линчува, но полицајците интервенирале навреме и спречиле дополнителна трагедија.

Нападот се случил нешто по 20 часот, за време на одржувањето на културниот настан „Денови на Лапу-Лапу“, фестивал организиран од филипинската заедница во квартот Сансет он Фрејзер. Западна Канада, особено областа околу Ванкувер, е дом на бројни азиски заедници – Филипинци, Кинези, Индијци – кои денес се во шок од нападот.

Инцидентот ја вжешти атмосферата пред парламентарните избори закажани за понеделник. Кампањата, во која доминираше темата за економските тензии со САД и агресивната реторика на американскиот претседател Доналд Трамп, сега е засенета од трагедијата.

Премиерот Марк Карни, кој важи за фаворит според последните анкети и се прикажува како заштитен ѕид од американскиот политички притисок, веднаш го промени распоредот за последниот ден од кампањата и изрази сочувство до жртвите и нивните семејства.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран