Овидио Гузман Лопез, еден од најбараните синови на озлогласениот мексикански нарко-бос Ел Чапо, се изјасни за виновен пред американски суд во Менхетен – и тоа во замена за полесна казна!
Познат како „Ел Ратон“, Овидио ја призна вината за заговор за трговија со дрога и учество во криминално здружение, во спогодба која му ги тргна од грб најтешките обвиненија за кои можеше да добие доживотен затвор – исто како татко му.
Американските власти го сметаат за една од клучните фигури во смртоносната трговија со фентанил, синтетичка дрога што однесе илјадници животи ширум САД.
Со ова признание, тој официјално го прифати фактот дека со своите тројца браќа го презеле водството во картелот Синалоа, кој со години се смета за една од најмоќните криминални мрежи во светот.
Овидио беше уапсен во јануари 2023 година во крвава акција во Кулијакан, при што загинаа најмалку 29 лица. По екстрадицијата во септември, го дочека американскиот правосуден систем – и наместо долга судска драма, тој избра тивка спогодба.
Датумот за изрекување на казната сè уште не е утврден, но експертите велат дека таа ќе биде значително поблага од онаа што го снајде Ел Чапо, кој веќе ја издржува доживотната робија.
Мексиканската сага продолжува – но сега зад решетки!