ПРВ.мк

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала го погоди Еквадор

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала го погоди Еквадор
Jumbo Banner

Силен земјотрес ја погоди Еквадорската обала – едно лице повредено, оштетени згради и прекин на електрична енергија

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) го погоди западниот брег на Еквадор денес, при што беа предизвикани материјални штети, привремени прекини на струја и затворање на дел од нафтената инфраструктура.

Според првичниот извештај на Владата, едно лице е повредено, а неколку јавни објекти и приватни домови, особено во градот Есмералдас, се оштетени. Земјотресот се случил на длабочина од 23 километри, наведува EMSC.

Во некои области, земјотресот доведе до прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, преку објава на платформата X информираше дека владата презема активности за поставување привремени засолништа, доставување хуманитарна помош и поддршка на населението со сите неопходни ресурси.

Државната нафтена компанија Petroecuador соопшти дека, како мерка на претпазливост, привремено е запрено работењето на рафинеријата во Есмералдас, како и нафтоводот SOTE. Засега нема податоци за евентуално влијание врз производството на нафта.

Еквадорскиот геофизички институт, пак, го процени главниот земјотрес на јачина од 6,0 степени и потврди дека неколку минути подоцна е регистриран и втор потрес со јачина од 4,1 степени во покраината Гвајас.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран