ПРВ.мк
Свет

Се зголемува контролата: Користење мобилен додека возите ќе ве чини над 400 евра!

Се зголемува контролата: Користење мобилен додека возите ќе ве чини над 400 евра!

Од 19 мај 2025 година, Холандија воведе нов систем за автоматско следење на сообраќајот преку напредна камера „Focusblitz“, која детектира возачи што користат мобилен телефон додека управуваат со возило. Казната за овој прекршок изнесува до 430 евра.

Камерата функционира со вештачка интелигенција и автоматска анализа на фотографии, со што самостојно идентификува прекршители. Системот може да остане на иста локација и до два месеци, што овозможува постојан надзор и значително зголемена ефикасност.

Фотографиите од прекршокот се испраќаат до Централната агенција за наплата на казни, каде полициски службеник дополнително ги проверува пред да се издаде казна. Доколку не се утврди прекршок, сликите се бришат од системот.

Според податоците, 66% од возачите во Холандија користат телефон додека возат, што се смета за една од главните причини за зголемениот број сообраќајни несреќи. Воведувањето на „Focusblitz“ има за цел да го намали овој ризик и да ја подобри безбедноста на патиштата.

Escape