Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека постои основан сомнеж за тоа кој би можел да биде инспиратор на неодамнешните пожари низ државата. Во интервју за телевизија Алсат, тој потенцираше дека не сака да изнесува детали за можни надворешни влијанија, но откри дека 20 лица во земјава се под мониторинг поради девијантно однесување.
„Не би коментирал од каде и како, географски, но она што го кажувам го темелам на информации со кои располагаме како Влада,“ рече Мицкоски, додавајќи дека органите на прогонот се веќе ангажирани околу случајот.
Според него, станува збор за лица чие однесување било сомнително во изминатиот период, и сега се под лупа на надлежните институции.