ПРВ.мк
Свет

Путин го разреши својот долгогодишен соработник Дмитриј Козак

Путин го разреши својот долгогодишен соработник Дмитриј Козак

Рускиот претседател Владимир Путин со декрет го разреши Дмитриј Козак од функцијата заменик-шеф на претседателската администрација. Во службеното соопштение не беа наведени причините за разрешувањето, ниту какви се идните планови на Козак.

Според информации од Кремљ, Козак сам поднел оставка, а портпаролот Дмитриј Песков потврди дека тоа било на негово барање. Руски медиуми пренесуваат дека Козак размислува за премин во деловниот сектор.

Козак беше дел од тимот на Путин уште од 1990-тите години, кога заедно работеа во администрацијата на Санкт Петербург. Познат е по својата улога во организацијата на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.

Escape