Кинеските власти усвоија нови правила за инфлуенсерите и креаторите на содржини на социјалните медиуми, со цел зголемување на одговорноста и професионализмот во јавниот простор.
Според новите регулативи, инфлуенсерите кои даваат совети за медицински, правни или финансиски теми мора да имаат соодветна диплома, потврдено образование или професионално искуство. Интернет-платформите ќе бидат задолжени да ја проверуваат експертизата на креаторите, а прекршителите се соочуваат со суспензија на профилите и казни до 100.000 јуани (околу 12.000 евра).
Властите наведуваат дека целта е да се спречи ширењето на дезинформации и непрофесионални совети, додека аналитичарите предупредуваат дека мерката може да се протолкува и како обид за контрола на јавното мислење.
Овие правила се дел од поширокиот тренд на зајакнување на регулацијата на интернет-просторот во Кина, кој веќе вклучува ограничување на штетни објави и задолжително етикетирање на содржина генерирана со вештачка интелигенција.















