ПРВ.мк

Се урна покрив на позната дискотека во Доминиканска Република, загинати најмалку 27 лица

Се урна покрив на позната дискотека во Доминиканска Република, загинати  најмалку 27 лица

Покривот на дискотека во Санто Доминго, главниот град на Доминиканска Република, се урнал, при што загинале најмалку 27 лица, а 130 се повредени.

Спасувачките екипи продолжуваат да работат на извлекување на затрупаните, но засега не е познато точно како се случила несреќата. Инцидентот се случил по полноќ за време на концерт на популарниот пејач Руби Перес. Во спасувањето и расчистувањето учествуваат повеќе од 400 лица.

„Се надеваме дека многумина од затрупаните се живи“, изјави директорот на Центарот за вонредни операции, Хуан Мануел Мендес.

„Џет сет“ е познат ноќен клуб во Санто Доминго, каде редовно се одржуваат концерти, особено понеделниците. Член на бендот на Руби Перес изјави дека клубот бил полн кога се урнал покривот околу еден часот по полноќ. Ќерката на Перес потврдила дека и тој е меѓу затрупаните.

Vero
Agria