ПРВ.мк
Свет

Русија може да го намали производството на нафта поради нападите со украински дронови

Русија може да го намали производството на нафта поради нападите со украински дронови

Рускиот државен оператор „Транснефт“ предупреди дека поради оштетувањата на клучни извозни пристаништа и рафинерии од украински беспилотни летала, може да биде принуден да го намали производството на сурова нафта, потврдија за Ројтерс три индустриски извори.

Украина ги засилува нападите врз руската енергетска инфраструктура со цел да ги намали приходите на Кремљ, а од минатата година најмалку десет рафинерии биле нападнати, што довело до намалување на капацитетот за рафинирање за речиси 20 проценти.

„Транснефт“, кој контролира повеќе од 80 проценти од руската нафта, предупредува дека има ограничен капацитет за складирање и доколку штетите продолжат, тоа ќе влијае и врз производството.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги нарече овие напади „најбрзо дејствувачки санкции“, истакнувајќи дека нафтените објекти се легитимни воени цели бидејќи финансираат руската војна.

На 16 септември, украинските сили нападнаа рафинерија во Саратов, предизвикувајќи експлозии и пожар. Рафинеријата произведува голем број нафтени производи и има капацитет од 4,8 милиони тони годишно.

Рускиот нафтен сектор е клучен за федералниот буџет, обезбедувајќи од една третина до половина од приходите. И покрај санкциите, Русија успеа да го пренасочи извозот кон азиските пазари, но нападите со дронови сериозно го нарушуваат извозот и создаваат недостиг на гориво во земјата.

Минатата недела, украински дронови го погодиле најголемото руско пристаниште за нафта, Приморск, како и рафинеријата Кириши, една од најголемите во Русија, која е била цел и во март оваа година.

Escape