ПРВ.мк
Свет

Путин и Ердоган се договорија за ситуациите во Украина и Сирија!

Путин и Ердоган се договорија за ситуациите во Украина и Сирија!
Escape

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор потврдија посветеност за пронаоѓање дипломатско решение за конфликтот во Украина, со нагласок на улогата на Турција како домаќин на следната рунда преговори во Истанбул.

Двајцата лидери ги размениле мислењата и за ситуацијата на Блискиот Исток, посебно за потребата од брза стабилизација на Сирија преку дијалог и национално помирување, со почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Ердоган истакна дека Турција останува посветена на обезбедување безбедност и стабилност во Сирија, нагласувајќи дека конфликтите во регионот, особено во Ас-Сувајда, претставуваат закана за целата регија.

Соговорниците се согласија дека е клучно што побрзо да започнат трета рунда директни преговори меѓу Русија и Украина, за кои Турција е подготвена да биде домаќин кога ќе се усогласат датумите.

Mia Home Mavrovo