Рускиот претседател Владимир Путин денеска, 7 октомври, го одбележува својот 74. роденден, а според Кремљ, денот ќе го помине главно со работни обврски и серија телефонски разговори со странски државници.
Претседателскиот помошник Јуриј Ушаков соопштил дека во текот на денот се предвидени повеќе разговори со странски лидери, а уште претходно пристигнале бројни писмени честитки.
Меѓу оние кои му честитале е и кинескиот претседател Си Џинпинг. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјавил дека роденденот на рускиот претседател ретко е целосно слободен ден и дека Путин и оваа година продолжува со редовните државни обврски.
Честитка испратил и белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој ја истакнал соработката меѓу Москва и Минск и заедничките проекти на двете земји.
На Путин му честитал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој во својата порака ја пофалил улогата на рускиот претседател и повторно ја нагласил поддршката за продлабочување на односите меѓу Северна Кореја и Русија.
Во текот на денот пристигнале честитки и од повеќе други државници, додека Кремљ соопшти дека Путин ќе продолжи со својата работна агенда и на својот роденден.
Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година во тогашен Ленинград, денешен Санкт Петербург.









