ПРВ.мк
Свет

ПРВО ОГЛАСУВАЊЕ НА ПИЛОТОТ ХЕРОЈ ПО КОБНИОТ ЛЕТ: „Се борев за сопствениот живот, но не дозволив други да умрат“

ПРВО ОГЛАСУВАЊЕ НА ПИЛОТОТ ХЕРОЈ ПО КОБНИОТ ЛЕТ: „Се борев за сопствениот живот, но не дозволив други да умрат“

Во видеоповик со индискиот премиер Нарендра Моди, капетанот Смит Мачар изјави дека бил на подот и дека копилотот сè уште го напаѓал кога сфатил дека авионот губи висина и дека мора нешто да преземе.

– Лежев на подот повреден, но си реков да се обидам уште еднаш да ја отворам вратата однатре – изјави тој, а пренесува BBC.

– Влегоа и други луѓе кои исто така одиграа улога (во ставањето на ситуацијата под контрола). Секако, се борев за сопствениот живот, но во исто време знаев дека нема да дозволам други да умрат – додаде тој.

Капетан Смит Мачар

Мачар беше нападнат од вториот пилот на летот од Дубаи за Тел Авив, што го принуди авионот да скрене кон Саудиска Арабија.

Моди му порача на капетанот дека „неговата храброст, стрпливост и брзо донесување одлуки спасиле животи на многу луѓе“ и дека целата земја е горда на него.

Капетанот, кого израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „вистински херој“, прво беше пренесен во болница во Табук, град во северозападниот дел на Саудиска Арабија.

Подоцна со хеликоптер беше префрлен во Абу Даби, каде што, според информациите, се наоѓа во стабилна состојба.

Авион на компанијата „Flydubai“

Индиската амбасада во ОАЕ во четвртокот соопшти дека Мачар е „во добра здравствена состојба и дека добро се опоравува“. Амбасадорот Дипак Митал изјави дека е „горд на капетанот Смит поради неговата храброст“.