ПРВ.мк

Пред разговорот со Путин, Трамп разговарал со лидерите на четири моќни држави

Пред разговорот со Путин, Трамп разговарал со лидерите на четири моќни држави
Jumbo Banner

Телефонска координација меѓу западните лидери пред разговорот Трамп–Путин за Украина

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Италија во неделата одржаа заеднички телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, во пресрет на неговиот планиран состанок со рускиот претседател Владимир Путин. Главна тема на разговорот била иницијативата за итен прекин на огнот во Украина и обновување на мировниот процес, соопшти британската влада.

Според неименуван портпарол на британскиот премиер Кир Стармер, лидерите разговарале за „тешката ситуација на теренот во Украина и катастрофалната цена што ја плаќаат и двете страни во конфликтот“.

„Пред денешниот повик на претседателот Трамп до претседателот Путин, лидерите се согласија дека е потребен итен, безусловен прекин на огнот и дека Путин мора сериозно да се вклучи во мировните преговори“, наведено е во соопштението.

Разговорите следат по неуспешната рунда мировни преговори помеѓу Киев и Москва што се одржа во Турција во петокот. Како што се наведува, западните лидери предупредиле дека доколку Русија не покаже реална волја за прекин на конфликтот, би можеле да следат дополнителни санкции.

Францускиот претседател Емануел Макрон преку платформата Икс (X) порача:

„Сега е на Путин да покаже дека навистина сака мир. Понудата на претседателот Трамп за 30-дневен безусловен прекин на огнот е поддржана и од Украина и од Европа.“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој се огласи по неделната миса што ја водеше папата Лав XIV, изјави дека „европејците и Американците се решени да работат заедно на целосно завршување на овој ужасен конфликт“.

Тој додаде дека во последните денови се направени „мали, но важни чекори“, бидејќи двете страни почнале повторно да комуницираат – првпат по повеќе од две години.

Истовремено, украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна во неделата во Рим со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс. Разговорот, кој траел околу половина час, следел веднаш по неговата средба со папата.

Инаку, уште во петокот, Трамп разговараше и со лидерите на Франција, Британија и Германија, како и со полскиот премиер Доналд Туск, во рамки на напорите за дипломатска координација пред неговиот директен контакт со Путин.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран