На 1 јануари 2026 година, новогодишната ноќ во Кран-Монтана се претвори во кошмар: пожар во барот „Ле Констелашн“ одзеде 40 животи, а над 100 лица беа повредени. Но она што ја прави оваа трагедија уште пошокантна е дека кантонскиот градежен правилник бил променет само 86 минути пред пожарот – промена која според критичарите може да послужи како правно алиби за институциите.
Новиот закон јасно наведува дека надлежните органи не се одговорни за пропустите на инвеститорите, што отвори сомнеж дека општината можеби се обидела да се заштити од милионски тужби. Додека експертите предупредуваат дека старите правила сепак овозможуваат обвинувања за груба небрежност, критичарите го гледаат законот како инструмент за прикривање на бирократската одговорност.
Барот не бил инспектиран шест години, иако законски требало, а документите за безбедност беа отстранети од веб-страницата на општината веднаш по трагедијата. Семејствата на жртвите веќе најавија тужби против сопствениците и локалните власти, обвинувајќи ги за занемарување и можна корупција.
Сопственикот на барот е приведен, додека неговата сопруга е во домашен притвор. Овој случај ја открива темната страна на системот: кога државата преку закон се ослободува од одговорност за сопствената неактивност, животите на граѓаните стануваат статистика.















