ПРВ.мк
Свет

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА Е ПОГОДЕН КРИМСКИОТ МОСТ: Разорен украински напад, конструкција долга 227 метри завршила во вода (ВИДЕО)

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА Е ПОГОДЕН КРИМСКИОТ МОСТ: Разорен украински напад, конструкција долга 227 метри завршила во вода (ВИДЕО)

Нови видеоснимки и фотографии се појавија по големиот украински напад врз Кримскиот мост, кој ја поврзува Русија со анектираниот полуостров Крим.

Нападот бил извршен во ноќта меѓу 16 и 17 ноември, а според украинските власти, довел до уривање на еден од лаковите и дел од патната конструкција на мостот.

На објавените фотографии се гледаат сериозни оштетувања, а дел од конструкцијата, долга околу 227 метри, според украинските извештаи, завршила во Керчкиот Теснец.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека станува збор за сложена операција во која биле употребени различни видови беспилотни летала и ракети.

Меѓу оружјата што се споменуваат се украинските крстосувачки ракети „Фламинго“, „Нептун“ и „Рута“, како и беспилотните системи „Палјаница“.

Според украинските извори, нападите биле насочени кон патниот и железничкиот дел од мостот, кој има големо стратешко значење за руското воено снабдување.

Руските власти потврдија дека сообраќајот преку мостот бил прекинат, но не го потврдија обемот на оштетувањата што го наведува украинската страна.

На социјалните мрежи се појавија и видеоснимки за кои се тврди дека го прикажуваат моментот на ракетниот удар.

Сепак, автентичноста на сите објавени видеа не е потврдена. Проверувачи на факти утврдија дека дел од снимките што кружат на интернет се генерирани со вештачка интелигенција.

Кримскиот мост, долг околу 19 километри, претставува една од најважните транспортни врски меѓу Русија и Крим и повеќепати бил цел на украински напади од почетокот на војната.


Видео: