ПРВ.мк
Свет

ПО СРЕДБАТА СО ПУТИН, ТРАМП ИМ СЕ ЈАВИЛ НА ЕВРОПСКИТЕ СОЈУЗНИЦИ: Поставил незгодно прашање!

ПО СРЕДБАТА СО ПУТИН, ТРАМП ИМ СЕ ЈАВИЛ НА ЕВРОПСКИТЕ СОЈУЗНИЦИ: Поставил незгодно прашање!

Американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано им се јавил на европските лидери за време на нивниот состанок во Берлин, само неколку часа по средбата со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг во Шенжен.

Трамп, кој во тој момент патувал со претседателскиот авион „Ер форс уан“, остро го довел во прашање продолжувањето на европската воена помош за Украина.

Според „Политико“, кој се повикува на четворица европски функционери запознаени со разговорот, американскиот претседател изразил сериозен скептицизам за милијардите евра што европските држави ги издвојуваат за Киев.

Трамп прашал зошто Европа продолжува да троши огромни суми за војната во која секојдневно гинат луѓе.

Еден од функционерите изјавил дека американскиот претседател нагласил оти во конфликтот се губат многу човечки животи, додека огромни финансиски средства се трошат без посакуваниот резултат.

Истовремено, Трамп им порачал на европските сојузници дека верува во сериозноста на Владимир Путин кога станува збор за идните мировни преговори со Украина.

Неочекуваниот повик се случил додека европските лидери и украинските претставници разговарале за продолжување на поддршката за Киев и за можните безбедносни гаранции по завршувањето на војната.

Во разговорите учествувале претставници на таканаречената „Коалиција на подготвените“, која настојува да обезбеди долгорочна воена и безбедносна поддршка за Украина.

Трамп со своите пораки повторно го отворил прашањето за иднината на европската воена помош и за начинот на кој би можеле да се водат преговорите за завршување на конфликтот.