Изјавата на Трамп доаѓа во време кога светските пазари се во пад поради ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина, а клучните берзански индекси во Лондон, Франкфурт и Њујорк бележат значителни загуби.
Претседателот Доналд Трамп денеска им рече на инвеститорите дека, среде пазарните потреси предизвикани од неговото воведување нови царини низ светот, сега е вистинското време да се инвестира во Соединетите држави.
– Кина одигра лошо, ги фати паника, тоа е единственото нешто што не требаше да го направат – рече Трамп.
– За многуте инвеститори кои доаѓаат во Соединетите Држави и инвестираат огромни суми пари – моите политики никогаш нема да се променат. Ова е одлично време да се збогатите и подобро од кога било досега! – објави Трамп на платформата „Truth Social“.