Советникот во Општина Тетово, Ангел Карапетров, денеска ја означи официјалната употреба на новите спортски терени во состав на ОСМУ „Никола Штејн“, кои ќе бидат достапни за младите спортисти од Тетово и поширокиот регион.

Спортскиот центар, кој претставува значајна инвестиција во младинскиот и спортскиот развој, вклучува:
• фудбалско игралиште со вештачка трева,
• терен за одбојка, исто така со вештачка подлога,
• кошаркарско игралиште со полипропиленски под изработен според стандардите на ФИБА,
• трибини со капацитет од околу 300 гледачи.

„Ова е уште еден доказ дека кога ќе ветиме – ние и исполнуваме. Голема благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката и визијата,“ изјави Карапетров.

Новите терени ќе придонесат за поголема активност кај младите и ќе овозможат одржување на натпревари и спортски настани на повисоко ниво.