ПРВ.мк

Парламентот на Малдиви усвои забрана за влез на израелски туристи

Парламентот на Малдиви усвои забрана за влез на израелски туристи

Парламентот на Малдиви усвои забрана за влез на израелски туристи во знак на солидарност со Палестинците

Парламентот на Малдиви денеска го одобри предлог-законот со кој се забранува влез на израелски државјани во земјата, како чин на солидарност со народот во Појасот Газа кој, како што се наведува во соопштението, се наоѓа „во окови на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас“.

Законот веднаш беше потпишан од страна на претседателот на Малдиви, Мохамед Муизу, јавува францускиот Фигаро.

„Малдиви уште еднаш ја потврдуваат својата непоколеблива солидарност со палестинската кауза. Оваа ратификација ја одразува јасната позиција на владата во однос на постојаните злосторства и геноцидни дејства што Израел ги врши врз палестинскиот народ“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Vero

Забраната, која доби поддршка и од владејачката партија и од опозицијата, веднаш стапи во сила, соопшти портпаролот на претседателот.

Според официјалните податоци, Малдиви во февруари оваа година угостиле околу 214.000 странски туристи, од кои само 59 биле израелски државјани.

Претходната забрана за израелски туристи беше укината на почетокот на 1990-тите, а односите меѓу двете земји накратко беа обновени во 2010 година. Сепак, минатата година Министерството за надворешни работи на Израел веќе ги советуваше своите граѓани да ги избегнуваат патувањата на Малдивите поради зголемениот политички ризик.

Agria