Уште една рунда преговори за нормализација на работата на дипломатските претставништва на Русија и Соединетите Американски Држави се одржа во Истанбул и, според изјавите на рускиот амбасадор во САД и претставник на Москва во преговорите, Александар Дарчиев, средбата поминала во позитивна атмосфера.
Според Дарчиев, двете страни ги истакнале пречките што произлегуваат од претходната американска администрација, и било заклучено дека е потребно истите да се надминат.
„Русија и САД се договорија за натамошни мерки за олеснување на режимот на движење на дипломати и добивање визи“, изјави амбасадорот.
Тој потенцираше дека Москва како приоритет го нагласила итното враќање на конфискуваната руска дипломатска имот во САД.
Дополнително, двете делегации размениле дипломатски ноти за обезбедување непречени банкарски услуги за дипломатските мисии.
Дарчиев исто така посочи дека во тек е усогласување на новата рунда консултации помеѓу Русија и САД, која треба да се одржи во блиска иднина.
Претходно, американскиот Стејт департмент соопшти дека консултациите во Истанбул поминале во конструктивен дух, и дека двете страни разгледале можност за нов контакт во скоро време.
Втората рунда консултации, која се одржа денеска во Истанбул, траела речиси шест часа и, според двете страни, протекла во конструктивна и работна атмосфера.